Музичкото шоу Ѕвездите на Гранд е еден од најголемите Тв проекти во регионот. Промената на составот на стручното жири оваа година ја изненади публиката.
Имено, пејачката Јелена Карлеуша го напушти шоуто, а како нејзина замена во жири комисијата дојде Цеца Ражњатовиќ.
Многумина шпекулираа дека ова е лош потег на продукцијата, и дека Карлеуша беше миленик на публиката и виновник за огромната гледаност на шоуто.
На Тик Ток се појави видео од фановите на музичкото шоу кои успеале со монтажа да ги сместат двете ривалки Цеца и Јелена една до друга.
Урнебесното видео стана вирално, а јавноста почна да се прашува дали ова можеби е најава дека Јелена сепак ќе се врати во Ѕвездите на Гранд.
@oggytok Jeca i Ceca 🤩##zvezdegranda ##cecaraznatovic ##jelenakarleusa ##tiktokserbia🇷🇸