Егзотичните дестинации се честопати во агендата на хрватската пејачка Северина.
Деновиве таа престојува на Малдивите, каде и го прослави единаесетиот роденден на својот син Александар.
Со емотивно видео, таа му посака среќен роденден на синот.
Но истиот ден роденденот го прослави и нејзиниот долгогодишен менаџер Томица Петровиќ кој им прави друѓтво на егзотичното патување.
„Среќен роденден на моите најдраги мажи“ – напиша Северина до објавата.
Додека беше во брак со Игор Којиќ, Северина ја прекина соработката со Томица, но набрзо по разводот повторно се смирија и ја продолжија соработката.