Претставничката на Ирска на годинешната прва полуфинална вечер на Евровизија судејки по коментарите на социјалните мрежи малку претера.
Нејзиниот сценски настап, вклучуваше рогови, бројни сатанистички симболи и свеќи поставени во круг, дефинитивно привлече внимание и предизвика бурни реакции кај гледачите.
Инаку, Бамби ја изведе песната „Doomsday Blue“, која се издвојува по „потешкиот“ звук и темпото во споредба со другите нумери кои се натпреваруваат. Покрај тоа, нејзиниот визуелен идентитет, тешката шминка и интензивните изрази на лицето придонесоа за создавање на незаборавно сценско доживување.
Како што веќе се коментира на социјалните мрежи, според фановите на популарното натпреварување, ирската претставничка само што извршила ѓаволски ритуал во Малме, а во еден момент дури и „фрлала клетви и магии“, за да го заврши настапот со фразата „крунисајте ја вештерката“. Некои отидоа и чекор подалеку и побараа Ирска веднаш да биде дисквалификувана.