Home INFO Генијалците се раѓаат во овие пет хороскопски знаци

Генијалците се раѓаат во овие пет хороскопски знаци

реклама:G Natural

Анализата на научникот Марк Хамилтон од Универзитетот на Конектикат доаѓа до заклучок дека 5 хороскопски знаци се со највисоки шанси за слава.

Анкетите покажуваат дека една третина од луѓето во светот им веруваат на астролозите и редовно се заинтересирани од предвидувањата на хороскопот.
За некои, тврдењата на астрологијата се целосна бесмислица, но истражувањето на Хамилтон го тврди спротивното.Научникот имал голема студија за да открие дали има врска меѓу карактерот на човекот, неговата судбина и неговиот хороскопски знак.

Истражувањето доаѓа до заклучок дека најмногу познати личности се родени под хороскопските знаци Стрелец, Јарец, Водолија, Риби и Овен.

Астролозите се согласуваат со тоа, опишувајќи ги овие ѕвездени знаци како луѓето со највисок степен на креативност и најжива имагинација. Во овие индикатори на дното на листата остануваат знаците Бик, Лав и Шкорпија, чии претставници покажувале најмала уникатност и склоност кон креативното размислување. Хамилтон има намера да ја зајакне својата теорија, да го прошири опсегот на своето истражување на луѓе родени во последните 3000 години.

Слични заклучоци прави и рускиот научник Евгениј Виноградов, чие истражување доаѓа до заклучок дека најталентираните луѓе се раѓаат во текот на зимата и почетокот на пролетта.
Виноградов истражувал натални карти на познати уметници, поети, писатели, научници, и прегледал повеќе од 20 000 луѓе, и тоа 757 Нобелови лауреати од 61 земји.

Според оваа студија врвот на раѓање на генијалци е во февруари, а падот е во август.

Научникот смета дека повисоката сончева активност може да има некакво влијание врз новороденчето, давајќи му поголем поттик за развој.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“