Home INFO Го следат над 71 милиони луѓе: Дејвид Бекам и го отстапи својот...

Го следат над 71 милиони луѓе: Дејвид Бекам и го отстапи својот Инстаграм профил на украинска докторка

реклама:hotel PREMIER

Фудбалската легенда Дејвид Бекам и го отстапи својот профил на Инстаграм на Ирина, докторка од Украина.

Таа преку профилот на Бекам кој го следат околу 71.5 милиони луѓе, покажа полн подрум каде се евакуираат трудниците и мајките, од првиот ден на руската инвазија во Украина.

Ирина прикачила фотографии од новороденчиња кои се на интензивна нега, бебиња кои се зависни од кислородна поддршка.

Докторката наведува дека работи по 24 часа дневно и го ризикува својот живот заедно со колегите, но не размислуваат за тоа бидејки ја сакаат својата професија.

Докторите и медицинските сестри се овде. Се грижиме, плачеме, но никој од нас не се откажува, навела таа на Инстаграм профилот на славниот фудбалер.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------