Home INFO Хаос пред венчавката на Меган и Хари: Марчната страна на кралското семејство

Хаос пред венчавката на Меган и Хари: Марчната страна на кралското семејство

реклама:hotel PREMIER

Новата книга на Валентин Лу, “Семејството Виндзор:Скриената моќ зад круната”, открива многу нови пикантерии за кралското семејство, во периодот кога Меган Маркл и Хари беа дел од истото.

Вистинска драма во кралскиот дворец се одвивала пред венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.

Имено, додека се подготвувала венчавката, во дворецот била организирана дегустација на свадбеното мени.

На обилната трпеза се нашло и специјално подготвено јајце, па лице од персоналот ја замолило Меган да го проба.

Но оваа молба ја разбеснила војводката, која почнала хистерично да вреска и да инсистира менито да биде веганско и макробиотско.

Овој испад на младата Меган ја разбеснил кралицата Елизабета а тензијата растела со инсистирањето на Маган да се промени свадбеното мени.

Дополнителен удар на кралицата и задал внукот Хари, кој пред целото семејство искоментирал:

– Тоа што го сака Меган, тоа мора да го добие!

Поради недоличното однесување, кралицата пред сите присутни ја укорила идната невеста, посочувајќи и дека во нејзиното семејство не е дозволено такво однесување.

Кралицата била вознемирена и од невестинскиот фустан на Меган, бидејки била поборник на старомодната традиција да не сте облечени во целосно бело доколку предходно веќе сте биле во брак.

Меган блесна во бела венчаница на свадбата, прекршувајки го ова убедување на кралицата.

Причина за гласни кавги во кралската палата била и желбата и настојувањето на Меган на свадбата да ја носи кралската тијара на Елизабета.

Книгата открива уште многу пикантерии, меѓу кои и лошиот однос на Меган кон персоналот во палататам но и несигурноста на принцот Хари.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------