Холивудската актерка, Хилари Свонк која многумина ја паметат од филмот „Девојка од милион долари“ роди близнаци.
На свои 48 години, актерката за првпат стана мајка на момче и девојче.
„Не беше лесно, но и тоа како вредеше. Момче и девојче. Честит Велигден, ви пишувам од рајот“, напиша актерката, на социјалните мрежи.
Таа е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година.