Home INFO И Охрид ја откачи, Ана Николиќ ги губи закажаните “тезги”

И Охрид ја откачи, Ана Николиќ ги губи закажаните “тезги”

реклама:Лето во Банско

Српската пејачка Ана Николиќ, деновиве е актуелна во медиумите во регионот, поради кавгата со својот менаџер и скандалозните видеа кои се појавија на социјалните мрежи, а каде лицето е со рани.

Не стивнуваат шпекулациите за причината за раните на нејзиното чело. Дел од јавноста тврди дека тоа е последица од користење на дрога, а некои пак ја бранат и убедуваат дека лицето и е уништено од нестручно изведена естетска корекција.

Пред скандалозното видео, се појави уште едно, од настап на пејачката каде таа буквално паѓа на сцена и зборува неповрзано.

Медиумите објавија дека само во летната сезона Ана е букирана со настапи кои ќе и донесат минумун 250 000 евра, но очигледно по сите скандали поврзани со неа, настапите почнаа да и се откажуваат.

Ана требаше да настапи и во Охрид, заедно со Аца Лукас, но настапот и е откажан па на сцената во Охрид Лукас ќе се појави без неа.

Сеуште не е познато кој ќе ја замени како специјален гостин на Аца Лукас.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------