Home INFO И самиот бил жртва на сексуално злоставување: Три децении затвор за Р.Кели

И самиот бил жртва на сексуално злоставување: Три децении затвор за Р.Кели

реклама:hotel PREMIER

Многу познати личности изминатиов период се осудени за сексуално злоставување.

Последен во низата е славниот музичар Р.Кели, кој за низата сексуални престапи доби затворска казна од дури триесет години.

Р. Кели е прогласен за виновен за сексуална трговија и злоупотреба. Сведоците изјавиле дека жртвите се надевале дека тој ќе им помогне во нивните кариери и се нашле во ситуација кога тој барал апсолутна послушност од нив.

Обвинителите истакнаа дека тој ги користел „славата, парите и популарноста“ за систематски „да ги следи децата и младите жени за сопствено сексуално задоволство“ и дека избегнувал казнување, додаваат тие, речиси триесет години. Тие истакнаа дека тој не покажал каење.

Кели е роден е 8 јануари 1967 година како Роберт Силвестер Кели во Чикаго, трето од четирите деца родени на учителката во основно училиште Џоан Кели. Во 1975 година Кели почнува да пее во црква, под влијание на религиозната мајка. Отприлика во тоа време, тој е жртва на сексуална злоупотреба од страна на возрасен роднина, според неговите мемоари „Soulacoaster: The Diary of Me“ објавени во 2012 година. Пејачот изјави дека злоупотребата траела со години.

Во 1979 година, на 12 годишна возраст, повторно бил жртва на силување од страна на возрасен маж. .

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------