Home INFO Илон Маск предупредува: Нафта и бебиња за спас на светот

Илон Маск предупредува: Нафта и бебиња за спас на светот

реклама:hotel PREMIER

Секој коментар или објава на милијардерот Маск, наидува на огромен интерес во јавноста, која со внимание ги следи насоките и советите од човекот кој важи за еден од најбогатите на планетата.

Илон Маск, кој самиот е татко на десет деца, им порача на луѓето да прават повеќе бебиња, но и да експлоатираат повеќе нафта и природен гас.

„Верувајте ми, кризата за бебиња е голема работа“ изјави бизнисменот пред новинари во Норвешка, каде што требаше да присуствува на енергетска конференција.

На прашањето кои се најголемите предизвици со кои се соочува светот сега, тој одговори дека тоа е преминот на обновливи извори на енергија, но веднаш потоа го наведе наталитетот.

„Битно е луѓето да имаат доволно бебиња за да ја одржат цивилизацијата“ порача Маск.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------