Home INFO Инстаграм воведува „тивок режим на работа“ на апликацијата

Инстаграм воведува „тивок режим на работа“ на апликацијата

реклама:4U PHARMA

Ќе се вика „тивок режим“, а целта е да им помогне на корисниците да се одморат од апликацијата. Кога ќе ја активирате оваа функција, ќе ги замолчите дојдовните известувања и вашите следбеници кои ќе се обидат да контактираат со вас ќе добијат автоматска порака во која се вели дека моментално не сте активни на апликацијата.

Овој потег доаѓа по критиките дека социјалните мрежи им штетат на животите на луѓето, особено на младите. Функцијата за тивок режим (quiet mode) не е тука само за да ги натера корисниците да се одморат од скролањето низ насловната страница и приказните на Instagram, туку и да се обидат да се фокусираат на реалниот свет и луѓето околу нив.

Што се однесува до помладата популација, Instagram е исклучително популарен меѓу нив, па со користење на тивкиот режим, корисниците ќе можат да направат пореална пауза за да учат, да спијат или да прават нешто друго што не е поврзано со мобилниот телефон. Откако ќе ја исклучите оваа опција, апликацијата ќе ви понуди резиме на она што сте го пропуштиле за време на паузата за да не пропуштите важни работи.

Тивкиот режим најпрво ќе биде достапен за корисниците во САД, Обединетото Кралство, Ирска, Канада, Австралија и Нов Зеланд, а Инстаграм вели дека наскоро ќе ја воведе опцијата во уште повеќе земји.

Ова е само една од неколкуте промени што ги воведува Instagram, а тие вклучуваат проширени алатки за родителска контрола и алатки за управување со упатување. Компанијата додаде и неколку безбедносни карактеристики, вклучувајќи ги и оние кои ја штитат приватноста на тинејџерите и го намалуваат несаканиот контакт со возрасните.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------