Home INFO Интересот е огромен: Концертот на Цеца и Анастасија во Пробиштип се сели...

Интересот е огромен: Концертот на Цеца и Анастасија во Пробиштип се сели на друга локација

реклама:hotel PREMIER

Организаторите на заедничкиот концерт на фолк дивата Цеца и нејзината ќерка Анастасија Ражњатовиќ, ја менуваат локацијата.

Концертот ќе се одржи во сабота, на 11 јуни, но поради огромниот интерес, наместо во „Аква паркот“, бината за Цеца и Анастасија се сели на градскиот стадион во Пробиштип.

„Моравме да го преместиме концертот, бидејќи интересот е преголем. Секој ден добиваме повици и резервации и од Србија и Бугарија. Она што е најважно тоа што во сабота не очекува топло и убаво време“ – велат организаторите.

Ова е прв заеднички настап на Цеца и нејзината ќерка Анастасија.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------