Home INFO Историјата се повторува: Принцот Вилијам има тајна љубовна врска (фото)

Историјата се повторува: Принцот Вилијам има тајна љубовна врска (фото)

реклама:G Natural

Деновиве , британските медиуми ги интензивираа гласините кои се појавуваат од 2019 година, а се поврзани со кралското семејство.

Наводно, принцот Вилијам ја изнеерува сопругата Кејт Мидлтон со 39 годишната семејната пријателка Сара Роуз Ханбери, маркиза од Чолмондели.

Врските на семејството на Сара со британскиот двор се долги. Нејзината баба леди Елизабет Ламбарт била една од деверушите на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора.

Пред да стапи во брак со маркизот Дејвид Чоломондели кој е постар од неа 24 години, Сара се занимавала со манекенство и била дел од позната лондонска модна агенција.

На почетокот на 2019 година се шпекулираше дека нивниот брак е завршен – а многумина го гледаа Вилијам како виновник. Сара и Дејвид имаат 3 деца.

Написите за наводната љубов што се родила меѓу Вилијам и Роза почнале да се шират кога британскиот таблоид „Сан“ ја насловил како ривалката од провинција на Кејт и оттогаш не престанале детално да ги анализираат сите сличности и разлики меѓу нив.

Приказната повторно ја активираа написите во британските медиуми кои тврдат дека Вилијам, Денот на вљубените наместо со сопругата го поминал со Роуз на романтична вечера во луксузен италијански ресторан во Лондон.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------