Home INFO Како да го издржите денот на работа после непроспиена ноќ? (видео)

Како да го издржите денот на работа после непроспиена ноќ? (видео)

реклама:G Natural

Скоро и да нема човек на кој барем еднаш во животот не му се случило на работа да дојде после непроспиена ноќ.

Следниот пат кога на работа ќе дојдете едвај гледајќи, без оглед на тоа дали сте се забавувале цела ноќ, работеле, сте гледале серија, или сте се вртеле во кревет, овие совети добро ќе ви дојдат.

Во видеото „How to recover from an all-nighter“ од „Science of Us“ серијата на New York Magazine, понудени се совети како да преживеете после ноќ без спиење, а кои се темелат на научни докази.

Во видеото се тврди дека со уморот и исцрпеноста можете да се борите со помош на сончевата светлост, добра исхрана, стратешки распоредени шољи кафе и напорна работа во првите неколку часа, затоа што во текот на денот ќе можете да се занимавате единствено со работа.

Со предложените совети, др. Метју Едлунд, автор на книгата „The Power of Rest“, препорачува и „парадоксална релаксација“, ако не сте во можност малку да отспиете. Со една рака прекријте ги очите, а другата насочете ја кон напнатата група на мускули.

Концентрирајте се на тие мускули до 30 секунди, па повторете ја вежбата со целото тело (поточно, опуштајте ги мускулите дел по дел). Едлунд тврди дека би требало да се чуствувате целосно обновено на крајот.

Исто така, прошетајте меѓу 13 и 15 часот, затоа што во тоа време исцрпеноста може да си го земе својот данок над исцрпените мозочни функци, вели Мајк Бреус, автор на книгата „The sleep doctor’s diet plan“.

Секако, внимавајте скоро и да не ви се повтори непроспиена ноќ, затоа што дури и најмалото губење на сон (една ноќ) негативно влијае на вашата концентрација, а може да ви порасне и телесната температура, па лесно ќе се разболите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------