Home INFO Камилски грип, опасност која ги демне навивачите на Мундијалот во Катар

Камилски грип, опасност која ги демне навивачите на Мундијалот во Катар

реклама:Лето во Банско

Британската Агенција за здравствена безбедност предупреди за инфекција која може да ја добијат навивачите на светското фудбалско првенство.

Симптоми на таканаречениот „Камилски грип„ биле забележани кај некои навивачи кои масовно се враќаат од Мундијалот во Катар. Се препорачува да се внимава на знаците на камилскиот грип, кој може да биде фатален.

Симптомите на овој грип вклучуваат покачена телесна температура, кашлица и повраќање. „Камилскиот грип“, познат и како Блискоисточен акутен респираторен синдром (МЕРС), е ретка, но тешка респираторна болест.

Може да се добие преку контакт на растенија со камили, велат британските здравствени власти. Лекарите велат дека камилите на Блискиот Исток се главниот извор на вирусот, но луѓето можат да го добијат од заразени животни.

Симптомите вклучуваат и треска, отежнато дишење и дијареа.

-Ризикот од инфекција за нашите граѓани е многу мал, но може да се зголеми за оние кои се изложени на одредени фактори на ризик во тие региони, како што се камилите, се наведува во упатствата на Агенцијата.

Исто така, овој грип може да се „фати“ со конзумирање на производи од камили, на пр. непастеризирано млеко од камила.

Многу навивачи кои присуствуваа на Светското првенство, наводно, уживале во јавањето камили во Катар, што претставува дополнителен ризик за лицето да се зарази преку близок контакт со некој што е заразен.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------