Home INFO Кавадарчани го откажаа настапот на Јелена Карлеуша на “Тиквешки гроздобер”, еве кој...

Кавадарчани го откажаа настапот на Јелена Карлеуша на “Тиквешки гроздобер”, еве кој ќе ја замени!

реклама:hotel PREMIER

По две години пауза поради пандемијата, во Кавадарци повторно ќе се одржи манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Настанот кој има долгогодишна традиција и датира од далечната 1964та, од 9 до 11 септември во Кавадарци.

Првично, најголема музичка атракција која беше најавена на гроздоберот беше српската поп пејачка Јелена Карлеуша.

Но по негодувањата на Кавадарчани, кои на социјалните мрежи негодуваа за настапот на Јелена, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев се одлучи да ги послуша сограѓаните и да го откаже доаѓањето на Карлеуша како главна звезда на манифестацијата.

“Драги кавадарчани,
Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.
Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 ти септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.
Кавадарци за сите.
И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна.” – напиша Јанчев на Фејсбук.

Кој ќе ја замени Јелена, сеуште не е познато, а во игра се неколку македонски музички ѕвезди, меѓу кои Каролина, Калиопи и Ламбе Алабакоски.

Карлеуша сеуште ја нема коментирано новонастанатата ситуација.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------