Home INFO Колегите го тужат Бали Бег: Направил скандал на снимање

Колегите го тужат Бали Бег: Направил скандал на снимање

реклама:G Natural

Турскиот актер Бурак Озџивит, попознат кај нас како Бали Бег е миленик на женската популација.

Тој би можел да заврши во затвор поради навреда кон свои соработници.

Доколку биде обвинет, се соочува со четири години зад решетки. Но, последниот збор ќе го има Третиот суд во округот Беикоз во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.

Имено, актерот бил обвинет за инцидентот што се случил минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“. Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреда на честа.

Во зјавата доставена до судот се наведува дека актерот среде снимањето излегол од шаторот и почнал да ги навредува и да ги нарекува со погрдни имиња, што можат да го потврдат повеќе сведоци.

Сепак, тој ги негирал обвинувањата.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------