Британската кралица Елизабета со децении е во фокусот на вниманието на јавноста.
Медиумите се занимаваат со секој детал од нејзината приватност.
Она на што кралицата е особено горда се нејзините коњи.
Јавањето е омилено хоби на кралицата Елизабета Втора, која тврди дека со тоа се занимава од својата 3-та година.
95 годишната кралица има тркачки коњи кои победиле во 451 трка и заработиле околу 7 милиони евра за 30-години.
„Кралицата има 24 коњи, а за чување на секој од нив троши по 33.000 евра годишно. Таа ги обожува своите миленици“, вели извор близок до кралицата.