На мала, приватна церемонија, беше крстен синот на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Двомесечниот Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, според кралската традиција, бил испрскан со вода од реката Јордан над крстилницата Лили Фонт, во која што кралицата Викторија и принцот Алберт го крстиле своето прво дете, во 1841 година.
Поради претходно закажани обврски, на церемонијата не присуствувала кралицата Елизабета.
Медиумите не биле повикани на крштевката, а Хари и Меган дури и не откриваат кои се кумови на малиот Арчи.
Британците се разочарани, тие се надевале дека крштевањето на кралското бебе ќе можат да го гледаат на телевизија, е единствено што добија се две фотографии од крштевањето кои се објавени на „Инстаграм“.