Home INFO Кулинарски тајни: Како печениот компир да биде совршено крцкав

Кулинарски тајни: Како печениот компир да биде совршено крцкав

реклама:G Natural

Компирот е идеален прилог скоро за секое јадење, поради неговиот неутрален вкус.

Ова исто така му дава можност да се подготвува на доста различни начини: да се пржи, пече, вари.

За компирчињата да станат крцкави, обично потребно е да се испржат во многу масло и да се извалкаат во масло и да се испечат на многу висока температура.

Но, ако сакате да избегнете користење на поголема количина масло, а компирот и понатаму да е крцкав, еве што треба да направите:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени.
2. Копирот прво излупете го. Со нож исечете го во саканата димензија.
3. Ставете го компирот во чинија со ладна вода 20 минути за од него да излезе вишокот скроб.
4. Измијте го компирот под млаз ладна вода, па вратете го во чинијата.
5. Додајте една лажица масло во чинијата. Користете стопен путер, свинска маст, масло или маснотија од пржена сланина. Зачинете со зачини по вкус: додајте рузмарин, бибер, мелена пиперка, кари… Добро измешајте.
6. Наредете го компирот во тава обложена со хартија за печење. Распоредете ги така да не се поклопуваат, па печете половина час.
7. Извадете ја тавата од рерната, а компирот свртете го на другата страна за да се пече страната која била доле. Печете уште половина час.
8. Извадете го печениот компир од рерната и посолете.

Совет: Немојте да го солите компирот пред да го ечете затоа што солта ќе спречи тој да стане темен и крцкав.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“