Најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез.
Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг.
Марк Закерберг, пак – шефот на „Мета“ во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм, објави скриншот од твитот на Маск со порака „испрати ми локација“.
По најавата на борбата, 52-годишниот Илон Маск напиша дека речиси никогаш не вежба, освен кога ги зема децата и ги „фрла во воздух“.
Марк Закерберг, тренира мешани боречки вештини, а неодамна победи на турнир во џиу-џицу.
Тренер му е Mакедонецот кој живее во Австралија, Александар Волкановски кој неодамна стана светски шампион во УФЦ и кој гордо истакнува дека потекнува од Македонија.