Home INFO Марина Туцаковиќ приклучена на респиратор, корона вирусот и ја влоши здравствената состојба

Марина Туцаковиќ приклучена на респиратор, корона вирусот и ја влоши здравствената состојба

реклама:G Natural

Српската јавност беше вознемирена кога пред два дена синот на Марина Туцаковиќ преку социјалните мрежи побара помош за неговата мајка.

Марина важи за најдобар текстописец во Србија. Таа со години се бори со тешко заболување, рак на дојка, а нејзината состојба нагло се влошила и добила напад на гушење. Нејзиниот син Милјан Лача Радуловиќ се огласи на социјалните мрежи, барајки помош за неговата мајка, а набрзо потоа откри дека е згрижена во болница и е позитивна на корона вирусот.

Вчера поради влошување на ситуацијата, жената која е “виновна“ за најдобрите хитови во регионот беше приклучена на респиратор.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------