Home INFO Меган и Хари излегуваат од игра: Новиот “лик” на кралското семејство!

Меган и Хари излегуваат од игра: Новиот “лик” на кралското семејство!

реклама:hotel PREMIER

Една фотографија од кралското семејство ја разбранува светската јавност, кратко по нејзиното објавување.

Станува збор портрет објавен на официјалната Инстаграм страна на британското семејство, а каде позираат кралот Чарлс и кралицата Камила, заедно со Вилијам и Кејт, принцот и принцезата од Велс.

Портретот наводно е фотографиран ден пред погребот на кралицата Елизабета.

„Нивното височество кралот и кралицата со нивното кралско височество, принцот и принцезата од Велс. Фотографирано во Бакингемската палата на 18 септември, фотограф Крис Џексон“, гласи описот на сликата, која за помалку од 24 часа по објавувањето имаше повеќе од 700 илјади лајкови на Инстаграм.

На фотографијата двата пара изгледаат опуштено, насмеани, а во позадина е портретот на Џорџ Трети, кој ја купил Бакингемската палата за свое засолниште.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------