Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Мешалки со бетон за бетонски ѕидови пред куќата на Шакира, ќе се...

Мешалки со бетон за бетонски ѕидови пред куќата на Шакира, ќе се оградува со бившата свекрва

реклама:G Natural

Не стивнуваат скандалите поврзани со Шакира и Пике и неколку месеци по нивната разделба. Откако Шакира го објави својот хит посветен на бившиот сопруг започнаа препукувањата меѓу бившите партнери.

Големи мешалки со бетон биле фатени на снимка пред вилата на пејачката Шакира која во моментов гради ѕид меѓу нејзината и куќата на мајката на нејзиниот поранешен партнер Пике. Тие и досега имале одвоени дворови со својата поранешна свекрва, пишува ДејлиМејл.

Шакира дури ја спомна мајката на Пике, Монсерат Бернабеу во својот нов хит. Таа пее како тој ја оставил со свекрвата која ѝ е прва сосетка.

Шакира и Пике се разделија во првата половина на минатата 2022 година, а таа го доби старателството наде синовите Милан и Саша.

Таа неодамна изјави дека го фатиле Пике во неверство бидејќи нашла празна тегла од нејзиниот џем со јагоди во домот, а знаела дека џемот го изел некој или некоја друга, бидејќи Пике не бил фан на ваквиот десерт.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------