Home INFO Меси во свечена наметка, Катарците го прифатија како свој

Меси во свечена наметка, Катарците го прифатија како свој

реклама:Лето во Банско

Вчера се одржа финалниот натпревар на светското фудбалско првенство во Катар, а Аргентина се закити со титулата светски првак.

При доделувањето на пехарот, вниманието на јавноста го привлече црната наметка која емирот на Катар, Тамим ибн Хамад Ал Тани му ја подари на Меси.

По реакцијата можеше да се примети дека Меси прво не сфати како се носи, па потоа му беше покажано и со неа го крена трофејот.

Многумина се прашуваа кое е значењето на овој гест.

Станува збор за наметка која го носи името бишт и се носи преку таканаречната традиционалната зимска облека во Катар.

Бојата на оваа наметка може да биде црна или кафена. Некогаш е извезена и со златна боја , а тоа означува дека лицето што ја носи е од благородничко семејство.

Се изработува од влакна од камила, а мажите ја носат во посебни прилики: Свечени приеми, прослави, церемонии, свадбени веселби…

Со овој гест емирот на Катар му укажа огромна чест на славниот фудбалер.

Наметката на Меси беше иста со оној на емирот од Катар и тоа за оваа држава има голема важност, но е и одлична промоција на Катар, со оглед на тоа дека фудбалското првенство заврши, но фотографиите уште долго ќе се коментираат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------