Home INFO „Мета“ со радикални промени – дали сте подготвени да платите за верзии...

„Мета“ со радикални промени – дали сте подготвени да платите за верзии на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ без реклами?

реклама:Лето во Банско

Со години слушаме шпекулации за платена верзија на „Фејсбук“, а сега се чини дека „Мета“ сериозно размислува да воведе претплата не само за „Фејсбук“, туку и за „Инстаграм“. Причината не е желбата за нов бизнис-модел со кој ќе се добие нов извор на приходи, туку новите обврски и одговорности кои, според законот кој неодамна стапи во сила во ЕУ, ги имаат најголемите интернет-платформи и социјалните мрежи.

Со воведувањето на претплатите, повеќе нема да има потреба од следење на податоците бидејќи на корисниците на овие социјални мрежи нема да им се прикажуваат реклами. Тројца извори запознаени со ситуацијата во компанијата открија дека компанијата на Закерберг сериозно размислува за овој потег. Според тие извори, „Мета“ наскоро би можела да почне да прави промени и за корисниците што не сакаат да им се прикажуваат реклами, ќе им дозволи да користат верзии на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за кои ќе треба да плаќаат месечна претплата.

Ќе биде интересно да се види фигурата за која „Мета“ одлучува бидејќи износот на месечната претплата треба да биде клучен за многу корисници за кои оваа идеја е интересна и кои се подготвени да платат за ова искуство.

Секако, со воведувањето на претплатничките верзии на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, „Мета“ нема да ги реши проблемите што ги носи Законот за европски дигитални услуги, бидејќи мнозинството сепак ќе ги користи бесплатните верзии финансирани од реклами, што значи дека сепак ќе ги следат податоците на повеќето корисници. Но, оваа промена треба да им покаже на европските регулатори дека компанијата е подготвена да соработува со нив и да го приспособи својот бизнис на законите на Европската Унија.

Поради непочитување на овие закони, „Мета“ веќе плати големи казни во Европската Унија, па така на почетокот на годинава компанијата беше казнета со 1,2 милијарди евра за пренос на податоците на европските корисници на серверите во САД, додека минатата година беше казнета со 265 милиони евра за телефонски броеви и други податоци на корисниците на „Фејсбук“ што завршиле на интернет.

„Фејсбук“ има речиси 3 милијарди корисници, додека бројот на корисници на „Инстаграм“ е околу 2,35 милијарди, а бидејќи сите се навикнати на бесплатен пристап до овие мрежи, ќе биде интересно да се види како ќе се одвива потенцијалниот европски експеримент и дали „Мета“ ќе понуди претплатнички верзии и на други пазари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------