Home INFO Метаболизмот и брзата храна – виновници за дебелеење кај жените после 30-та...

Метаболизмот и брзата храна – виновници за дебелеење кај жените после 30-та година од животот

healthy lifestyle with tropical fruit
реклама:ХитКујна канал

Во четвртата деценија жените се жалат на вишок килограми, поради што потполно треба да се избегне прејадувањето, земањето грицки, пецива, калорична и мрсна храна. Повеќето жени после триесеттата година имаат проблеми со зголемување на телесната тежина. Најчесто се жалат дека сè што ќе изедат им се „лепи“, дека помалку јадат, а повеќе се дебелеат и дека имаат константно чувство на надуеност на стомакот.

Во што е всушност проблемот? Објаснувањето на лекарите е дека метаболизмот кај жените со годините се забавува, а телото е склоно кон забрзано дебелеење. Станува збор за метаболно нарушување, бидејќи во четвртата деценија кај жените хормоните почнуваат поинаку да функционираат. Само 25 % од жените имаат „подесен“ метаболизам, односно немаат склоност кон дебелеење, а со самото тоа имаат идеална телесна тежина. Сите останати имаат проблеми поради дебелеење и вишокот на килограми, додека некои пак и слабеат. Девојките главно јадат брза храна и имаат лоши навики во исхраната, па кога ќе ја поминат триесеттата веќе не можат да го запрат зголемувањето на килограми. На жените најтешко им паѓа натрупувањето на масти околу стомакот бидејќи тешко се симнуваат. Во тој случај тие мора да бидат на посебен режим на исхрана, како и да се справат со нездравите навики каква што е физичката неактивност. Вежбањето помага во одржување на добра фигура на телото, но проблемот е во тоа што жените поради многубројните обврски немаат доволно време ни пари, за да се занимаваат со тоа. Всушност, неактивноста е една од причините за брзо дебелеење, затоа стручните лица за жените во триесеттите години советуваат: потребни се повеќе прошетки или некаква друга физичка активност, но и помали порции на храна, затоа што на тој начин се спречува брзото дебелеење. Тоа е најдобриот начин во борбата со забавениот метаболизам.

Околу триесеттите години метаболизмот кај жените почнува да се забавува, телото полека се менува, полесно се добиваат килограми, а сѐ потешко се губат. Тоа е воедно и вистинското време за промена во нутритивните навики и стилот на живеење за да се избегне постепеното наталожување на килограми. Секако дека е важна консултација со нутриционист за да се пресметаат вистинските калориски и нутритивни потреби. Во таа прилика треба да се направи квалитетно мени за работната недела и деновите за викенд и да им се објасни што да јадат пред и после физичката активност. Треба да се биде искрен кон себеси и да се променат навиките.

Постои храна што може да предизвика сериозни метаболни и репродуктивни нарушувања. Жените денеска се одлучуваат да родат бебе во доцните години од животот, па затоа е многу важно да останат здрави. Младите жени околу триесеттата година се фокусираат на кариерата, повеќе време поминуваат на работа, под стрес, помалку спијат. Сè тоа влијае на промените во метаболизмот, а посебно лошата исхрана, намаленото движење и скратениот сон. Докажано е дека недостатокот на сон ги зголемува килограмите.

РЕКЛАМИ:
Loading...