Home INFO Мистериозното езеро кое ги убива сите кои ќе влезат во него (видео)

Мистериозното езеро кое ги убива сите кои ќе влезат во него (видео)

реклама:4U PHARMA

Во Мексиканскиот залив, километар длабоко под површината на морето се наоѓа смртоносно езеро.

Таинственото езеро е наречено и „џакузи на очајот“, бидејќи го убива секое живо суштество кое има несреќа да влезе во него.

Овде водата е пет пати посолена од морската вода, а содржи високи концентрации на метан и водород сулфид, поради што не се меша со морската вода која го опкружува.

Таквата концентрација на елементи е смртоносна и за луѓе и за животни, а во такви услови можат да преживеат само бактерии, ракчиња и црви.

„Ова е една од најневеројатните работи кои ги откривме во морските длабочини. На дното на океанот гледате езеро и река која тече. Добивате чувство дека сте во некој друг свет“, раскажува Ерик Кордс, професор по биологија кој го открил езерото.

Езерото е длабоко околу три и пол метри. Подводниот гребен е опркужен со ракови кои во езерото талкаат во потрага по храна, како и огромни школки на кои живеат симбиотски бактерии кои се хранат со метан и водород сулфид.

Тим на научници предводен од Ерик, зел примероци од живи суштества, кои се прилагодувале на живот во услови со толку голема концентрација на сол и многу мали количини на кислород.

„Суштествата кои се прилагодиле на така екстремни услови на земјата, би можеле да бидат слични на оние суштества кои можеби ќе ги откриеме на други планети“, објаснува Кордс.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------