Home INFO Möller’s Шампиони – настан по повод Меѓународниот ден на детето!

Möller’s Шампиони – настан по повод Меѓународниот ден на детето!

реклама:G Natural

По повод Меѓународниот ден на детето кој традиционално се одбележува на 1 јуни, норвешкиот експерт за природна омега-3, Möller’s организира забавен настан за деца и родители ‚‚Möller’s Шампиони“.

Покрај понуда на забавна, едукативна и информативна содржина, брендот ќе го прослави овој ден со многу изненадувања и подароци за сите учесници.

Во рамките на настанот кој ќе се одржи на Школка во Градски Парк, од 10 до 15 часот, малечките ќе имаат можност да се запознаат со рипчето Моли преку четири категории на интерактивни и стимулативни игри, вклучително: „Прв до Моли“, „Улови го Моли“, „ Обој/Нацртај го Моли“ и „Ден/Ноќ“.

Покрај детските игри, публиката на настанот ќе ужива и во селекција на детски песнички со специјално изненадување за присутните, а 10 од нив по случаен избор ќе добијат вредни Möller’s подароци.

Линијата производи Möller’s базирани на 100% природно масло од црн дроб на бакалар (масло, гумени рипчиња за џвакање, таблети и капсули) е достапна во Македонија веќе пет години благодарение на компанијата Геопром.

Основана во 1992 година, приватната компанија Геопром со седиште во Скопје, произведува и дистрибуира детска козметика, додатоци во исхрана и фармацевтски производи.

Препознатлива на македонскиот пазар по големиот дистрибутивен капацитет и квалитетните производи, компанијата има воспоставено долгорочни деловни односи со многу европски компании како што се Krüger, Bübchen, Pharmabrands и Orkla Health.

Дојдете на 01 Јуни во Градскиот парк, на Школка, заедно со Möller’s да го одбележиме Денот на детето!

Настанот е од отворен карактер, со присуство на настанот се согласувате да сте дел од видео и фото материјалите на Möller’s Македонија!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------