Home INFO Најпознатите светски ѕвезди ги отворија летните Олимписки игри, се јаваше коњи и...

Најпознатите светски ѕвезди ги отворија летните Олимписки игри, се јаваше коњи и во сред Париз (фото)

реклама:G Natural

Во Париз се собраа пејачи, топ модели и спортски ѕвезди на светската ревија на Вог за да го прослават спортот, еден месец пред почетокот на Летните олимписки игри во француската престолнина. Модното списание го претвори Place Vendôme во модна писта за да одбележи сто години француска мода.

Различни спортови се користат како позадина за секоја деценија од 1920-тите до денес – еден месец пред градот да биде домаќин на Олимписките игри. На модната ревија учествуваа повеќе од 151 модел и 188 спортисти, јавува Би-Би-Си.

@voguemagazine #KendallJenner and #GigiHadid on their best #Kengi behavior— on horses— at #VogueWorld ♬ original sound – Vogue


На ревијата можеа да се видат моделите Џиџи Хадид и Кендал Џенер како јаваат коњи, Бед Бани рапуваше, Сабрина Карпентер се појави во стилот на Бриџит Бардо, а Кети Пери носеше кожен ремен. Американскиот актер Џереми Поуп танцуваше на музиката на Ерта Кит, додека иконите француски поранешни фудбалери Џибрил Сисе, Блез Матуиди и Емануел Петит шетаа на плоштадот.

Ова беше трет настан на Vogue World. Првите два се одржаа во Лондон и Њујорк. Vogue World е добротворна иницијатива, како и Мет Галата. Приходот од билетите од Париз оди во Secours Populaire, непрофитна организација која промовира пристап до спорт за деца во Франција, истакнува Гардијан.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------