Home INFO Настан за паметење: Бескрајната приказна на Општина Кисела Вода станува се подобра

Настан за паметење: Бескрајната приказна на Општина Кисела Вода станува се подобра

реклама:Лето во Банско

Преку 30 000 посетители во саботата присуствуваа на Културното лето во организација на Општина Кисела Вода.

Пред бината во Расадник, до доцна во ноќта, во еден глас се пееја емотивните хитови на една од најголемите балкански ѕвезди во моментов, Петар Грашо.

На настапот на Грашо му предходеше добро познатиот Жаре Бербер кој со својот Галама бенд направи толку добра атмосфера што дури и дождот кој се закануваше на почетокот, не ја спречи реката од народ која пристигна во Расадник да игра, да пее и да ужива.

Во публиката имаше и стари и млади како и многу познати ликови и од естрадата и од општествениот и политичкиот живот.

Организација на целиот настан и добро осмислената програма, придонесоа секој посетител да си замине со преубави спомени.

Заокружувањето на настаните ќе се случи во четврток , на 29ти јуни со прославата на 68-иот роденден на Општина Кисела Вода, каде повторно пред салата Расадник, голем концерт ќе одржи групата Нокаут, а пред нив ДЈ сет ќе има DJ Mats.

Бескрајната приказна на Општина Кисела Вода која станува се’ подобра, во целост го оправда годинешниот слоган, а тимот на Општината, на чело со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски постави пред себе но и пред останатите уште повисоки критериуми за следната година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------