Home INFO Научник открил едноставен домашен тест за Ковид-19: Еве како да дознаете дали...

Научник открил едноставен домашен тест за Ковид-19: Еве како да дознаете дали имате грип или коронавирус, пробајте ги овие намирници…

реклама:ХитКујна канал

Научниците овојпат се посветиле на феноменот губење на сетилото за мирис, кое што често се појавува кај заразените луѓе од Ковид-19, па дошле до важно откритие.

Откритието го пренесува Би-би-си, а научниците велат дека губењето на сетилото за мирис е единствено и поразлично од тоа кога ни се случува додека сме настинати.

Имено, аносмијата кај Ковид-19 се случува одеднаш и е многу моќна. Покрај тоа, истата не е проследена со затнување на носот.

Напротив, поголемиот дел од заразените пациенти од Ковид-19 можат нормално да дишат низ носот, што не е случај доколку пациентот е настинат.

Втора работа по која што Ковид се разликува од настинката е губењето на сетилото за вкус.

Научниците велат дека при благо пореметување на сетилото за вкус автоматски доаѓа и до губење на сетилото за мирис.

Заболените пациенти од Ковид-19 на пример не можат да разликуваат слатка од горчлива храна.

Научниците овој заклучок го објавиле во списанието „Rhinology“, а се сомневаат дека тоа се случува затоа што вирусот влијае на клетките кои што директно се вклучени во создавање на вкусот и мирисот.

Велат дека со овие симптоми треба да се тестирате на Ковид-19, а членовите на семејството од луѓето кај кои истите се појавуваат треба да одат во самоизолација.

Истражувањето кое што го покажало ова, било спроведено на 30 волонтери. 10 од нив имале Ковид-19, 10 настинка, а 10 биле целосно здрави.

Се докажало дека губењето на сетилото за мирис било поизразено кај заболените од Ковид, а Карл Филот, професор од Универзитетот „East Anglia“, кој што го спровел овој тест, вели дека луѓето и сами можат да го направат дома – со производи како кафе, лук, портокал или лимон и шеќер (потребно е само да ги помирисате).

Секако дека ништо не може да го замени лабораторискиот тест, нагласил тој.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“