Home INFO Неверојатно сведоштво: Леонардо Ди Каприо за влакно ја избегнал смртта

Неверојатно сведоштво: Леонардо Ди Каприо за влакно ја избегнал смртта

реклама:hotel PREMIER

Тој со децении важи за еден од најпосакуваните мажи на планетава. Во едно интервју, Ди Каприо посведочи за неговите неверијатни животни искуства.

„Ако мачката има девет животи, мислам дека јас веќе потрошив неколку“, тврди холивудската ѕвезда Леонардо Ди Каприо.

„Бела ајкула влезе во кафезот во кој се наоѓав во јужноафриканските води, вели тој и додава дека половина од нејзиното тело било во кафезот и се обидeла да го изеде.

На чекор до смртта бил и кога со пријатели заминал да лета со падобран.

„Скокавме во двојки. Го повлековме едниот сигурносен појас за отворање, но тој беше закочен, а потоа и следниот, изјавува Ди Каприо кој и понатаму се сеќава како изгледал немилиот настан.

Сепак, на крај се добро завршило.

Освен тоа, имал несреќа и на еден лет кон Русија, кога авионот бил принуден да слета поради дефект.

„Седев и гледав низ прозорецот и наеднаш цело крило експлодираше“, раскажува актерот.

Според приложеното, изгледа дека Лео е неуништлив.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------