УХМР најавува невреме. Според прогнозата, денес под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километри на час.
Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 4 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе се искачи до 16 степени.
Утре ќе има слаб локален дожд, а во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.