Home INFO Ново судење во најава: Ќе ги дознае ли јавноста и пикантерите на...

Ново судење во најава: Ќе ги дознае ли јавноста и пикантерите на Рики Мартин?

реклама:hotel PREMIER

Според TMZ, во најава е уште едно судење кое ќе го привлече вниманието на светската јавност.

Имено, Ребека Дракер, поранешната бизнис менаџерка на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата и должи околу милион долари кои Рики и ги должи, па поднела тужба за да си го наплати долгот.

Ребека Дракер тврди дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година, а тој повторно ја ангажирал по две години, во мај 2020 година, кога неговиот „личен и професионален живот бил во тотален хаос“.

Поранешната менаџерка тврди дека таа е одговорна за тоа што неговиот живот и кариера се вратиле во нормала. Таа ги завршувала неговите договори поврзани со пишување песни, турнеи и спонзорства и му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со колегата и пејач Енрике Иглесијас (47).

Менаџерката тврди дека токму таа го заштитила во 2020 година, кога му се заканувал прекин на кариерата бидејќи ангажирала врвни адвокати кои ја решиле работата, а Рики од целата приказна излегол неповреден, пренесува „TMZ“.

Таа изјавила дека ја манипулирал и ја лажел, што на крајот ја принудило да се откаже од соработката во април годинава.

Кога таа упорно ги барала парите, Мартин наводно почнал да и се заканува дека ќе ја замолчи и барал да потпише договор за доверливост, што таа го одбила.

Сега Дракер го тужи пејачот за три милиони долари, плус судска отштета.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------