Home INFO Официјални фотографии од венчавката: Бруклин повеќе не е Бекам, Викторија ги заесни...

Официјални фотографии од венчавката: Бруклин повеќе не е Бекам, Викторија ги заесни присутните

реклама:hotel PREMIER

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, вчера се ожени со американската актерка Никол Пелц.

Ексклузивните фотографии од свадбата на годината ги има списанието Вог.

Атрактивната невеста блескала во раскошна бела венчаница и вел кој дава посебен печат на оваа скапоцена креација со потпис на Валентино.

На венчавката присуствувале и принцот Хари со сопругата Меган Меркл, тенисерката Серена Вилијамс, актерката Ева Лонгорија и уште многу гости од светскиот џет-сет.

Дејвид и Викторија Бекам на свадбата на својот најстар син, меѓу присутните биле синоним за врвна елеганција.

Поранешниот фудбалер одбрал класично црно одело со бела кошула и вратоврска, а неговата сопруга изгледала величествено во свилен сребрен фустан.

Според пишувањето на магазинот Daily Mail, најголемо внимание на свадбата привлекол гестот на Бруклин Бекам кој ги изненадил присутните. Синот на Викторија и Дејвид Бекам во знак на љубов кон својата избраничка на своето име го додал и презимето на својата сопруга.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------