Home INFO Огромното богатство ќе мора да се подели! Еве што се поседуваат Тони...

Огромното богатство ќе мора да се подели! Еве што се поседуваат Тони и Драгана Мирковиќ

реклама:Велигден со Стаф

По 23 години навидум хармоничен брак, српската пејачка Драгана Мирковиќ се разведува од сопругот Тони Бијелиќ.
Наводно парот неколку години неофицијално бил разделен, а сега во фокусот на јавноста е огромното богатство кое брачниот пар го стекнал низ годините.

Според српски медиуми, станува збор за богатство проценето на наверојатни 100 милиони долари.

Тони има стекнато вистинско богатство во Австрија, тој е сопственик на фабриката за погони „Мајбах Купе“, сопственик на салон за автомобили, како и градежни компании и телевизија ДМ САТ.

Телевизијата која ги носи иницијалите на името и презимето на пејачката долги години беше на листата на најгледани канали.

Парот поседува и компанија за продажба на луксузни автомобили, а меѓу нивните клиенти има голем број колеги на Драгана. Медиумите наведуваат и дека листата на должници кои купиле автомобил на рат е долга,па пејачката не мора да прави ништо до крајот на животот.

Таа би можела да живее само од каматата што ѝ ја плаќаат за автомобилите за кои се задолжиле.

Драгана и Тони поседуваат бројни имоти, како и огромен замок кој го закупиле на период од 100 години и кој е уреден по најнов стил.

Според последната проценка на веб-страницата „Нет ворт селебритис“, нејзиното богатство е проценето на 100 милиони долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------