Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Откажан концертот на Саша Ковачевиќ во Хрватска, организаторите ги објавија причините

Откажан концертот на Саша Ковачевиќ во Хрватска, организаторите ги објавија причините

реклама:Лето во Банско

Уште еден српски пејач е забранет во Хрваткса и организаторите со големо жалење објавија дека мораат да го откажат неговиот настап.

По претходно откажани настапи на Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Зорана Миќановиќ, Жељко Самарџиќ, Душко Кулиш, Јелена Карлеуша овој пат хрватите се побудија за Саша Ковачевиќ кој требаше да одржи концерт во една свечена сала за венчавки во Бибиње на 24 октомври.

Дека концерт нема да има напиша и организаторот на социјалните мрежи:

„На наше огромно жалење како организатори, но и на голем број заинтересирана публика, ве известуваме дека сме принудени да го откажеме концертот на Саша Ковачевиќ кој беше закажан за 24 октомври. Во нашата работа се водиме од политика на транспарентна комуникација, почитувајќи ги ставовите и мислењата на жителите на општина Бибиње и другите локални жители, поради чие несогласување со нашиот избор на изведувачи ја донесовме оваа тешка одлука. Ви благодариме за разбирањето и се гледаме наскоро на нови концерти“, стои во соопштението.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------