Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Откриена причината за разводот на Ким Кардашијан и Кание Вест, документите достапни...

Откриена причината за разводот на Ким Кардашијан и Кание Вест, документите достапни до медиумите

реклама:ХитКујна канал

Светските таблоиди објавуваат нови детали за разводот на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Кание Вест.

Според документите кои Ким ги дала во судот, таа ги навела „непомирливите разлики“ како причина за разводот, пренесува Фокс.

Таа побарала и да се укине барањето за брачна поддршка, без разлика во чија корист ќе биде пресудата.

Потврдено е дека тие имале и предбрачен договор што треба дополнително да им помогне да ги избегнат проблемите околу богатството и секој да го задржи своето.

Во документите не е наведен датумот на нивното разделување.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“