Home INFO Ова е најскапото куче во светот

Ова е најскапото куче во светот

реклама:Лето во Банско

Најскапо куче во светот е златен тибетски мастиф, за кој еден Кинез платил дури 2 милиона долари. Во моментот на продажбата кучето тежело 90 килограми и било високо 80 сантиметри. Европејците го користеле терминот мастиф за сите раси крупни кучиња, па го користеле и за ова кученце, кое всушност е тибетско планинско куче или хималајско планинско куче.

Како што посочува името, расата потекнува од Тибет, каде што (вклучувајќи го и регионот на Хималаите) се користеле како кучиња чувари за добитокот, но и за куќата на своите господари. До средината на 20 век расата била речиси непозната во Европа, а европските одгледувачи се најодговорни што не изумрела.

Постојат неколку легенди за неговото потекло. Една од нив вели дека тибетскиот мастиф е „божјото куче“ бидејќи ја претставува трансформацијата на тибетски свештеник во куче.

По спектакуларната продажба на куче од оваа раса за 2 милиона долари, многумина почнаа да ги одгледуваат овие кучиња, но се покажа дека се многу скапи за одржување. Тибетскиот мастиф не е куче за секого бидејќи неговата социјализација одзема многу време. Овој вид се смета за една од најздравите раси на кучиња, имајќи предвид дека во текот на процесот на еволуција бил отпорен на повеќето болести од кои страдаат кучињата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------