Home INFO Овој филм е апсолутен победник на Оскарите (видео)

Овој филм е апсолутен победник на Оскарите (видео)

реклама:Лето во Банско

Оваа година се одржа 95. доделување на престижните филмски награди. „Оскарите“ овојпат беа лишени од драма и непредвидени моменти, како минатогодишниот инцидент со Вил Смит и водителот на настанот.

Научно-фантастичната акција „Сè секаде одеднаш“ е апсолутен добитник на 95. Оскар со седум златни статуетки, а меѓу нив и онаа за најдобар филм.

Даниел Квон и Данијел Шајнерт се добитници на Оскар за најдобра режија за филмот „Сè секаде одеднаш“.

Најдобра глумица е Мишел Јео, исто за филмот „Сè секаде одеднаш“.

Брендан Фрејзер пак, е најдобар глумец за улогата во филмот „Кит“ (Whale).

Втор Оскар во својата кариера за најдобра монтажа доби Пол Роџерс за филмот „Сè секаде одеднаш“.

Оскарот за најдобра машка споредна улога отиде во рацете на Ки Хју Кван за улогата во филмот „Сè секаде одеднаш“.

Оскарот за најдобра женска улога го доби Џејми Ли Кертис за улогата во „Сè секаде одеднаш“.

Најдоброто оригинално сценарио го напишаа Данијел Квон и Денијел Шајнерт за „Сè секаде одеднаш“.

Филмот „Топ Ган Маверик“ освои Оскар за најдобар звук.

Оскар за најдобра сценографија добија Кристијан Голдберк и Ернест Хипер за нивната работа во продукцијата на воениот спектакл „На Западот ништо ново“.

Истиот филм ја доби златната статуетка во категорија најдобра музика.

Очекувано, Оскарот за најдобри визуелни ефекти ќе го освои Аватар-Патот на водата.

Оскарот за најдобар документарен филм го доби „Навални“.

Своја изведба на Оскарите во театарот Долби имаа Ријана, Лени Кравиц, Дејвид Бирн и Лејди Гага.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------