Home INFO По европски терк: Скопје доби нов хотел за мотори

По европски терк: Скопје доби нов хотел за мотори

реклама:G Natural

Во склоп на мото сервисот „Premium MOTO Service“ е достапен нов хотел за мотори во Скопје.

Целта на хотелите за мотори е да понудат безбедно сместување за вашите миленици на две тркала во текот на зимата, односно периодот во кој нема да управувате со вашиот мотоцикл.

Разликата од чувањето на моторот во сопствени услови и во хотелот за мотори е во тоа што во Premium MOTO Service ќе добиете постојана грижа за време на целиот период.

Сервисот е обезбеден со заштитна ограда, патролно обезбедување, камери и аларм.

Моторот ќе биде поставен во простор резервиран за него заштитен од сите надворешни влијанија.

Дополнително за вашиот мотоцикл ќе биде водена грижа за акумулаторот и пневматиците, па така по зимската пауза кога ќе решите да го земете мотоциклот тој ќе биде подготвен за сезоната. Нема да имате потреба да се грижите дали акумулаторот е испразнет или гумите издишани.

Дополнително на основниот пакет во Premium MOTO Service нудат и услуги кои вклучуваат и промена на масло и филтри и целосна подготовка на мотоциклот за сезоната.

Во сервисот освен услугата хотел за мотори можете да ги добиете и сите сервисни услуги за мотоцикли и автомобили.

Цените започнуваат од 1000 денари месечно, во зависност од габаритот на мотоциклот/скутерот. За подетални информации контактирајте ги на 075 286 262 или пишете им на нивниот фејсбук пејџ Premium MOTO Service.

Сервисот се наоѓа на бул.Борис Трајковски 20/5, во склоп на Церес (Скопје Гума).

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------