Home INFO Погледнете што се крие во бункерот на Тито вреден 6 милијарди долари

Погледнете што се крие во бункерот на Тито вреден 6 милијарди долари

реклама:G Natural

Шпиунска соба, црвени телефони, болница, конфекциски сали- е само дел од она што новинар пронашол кога пред извесен период го посетил бункерот на Тито во Коњица.

Станува збор за објект кој е граден цели 26 години, од 1953 до 1979 година, а долго време ова беше најдобро чуваната тајна на поранешна Југославија.

Како што пишува порталот, работниците кои го граделе никогаш не смееле да ја дозавршат работата, не знаеле за што конкретно се работи, а за да не знаат каде точно е локацијата очите им биле врзувани додека биле довезувани до бункерот.

Самата изградба чинела тогашни 4,5 милијарди, односно денешни 6 милијарди долари.

Бункерот бил наменет за Тито и неговите 350 најблиски соработници, а граден е за во случај на атомска војна, а самата атомска скривница може да издржи нуклеарен удар со јачина од 20 килотони.

Големиот објект од масивна бетонска конструкција се простира на 6.500 метри квадратни, а се наоѓа на околу 300 метри под површината на земјата.

Погледнете го видеото…

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“