Home INFO Политиката ги скара: Јелена Карлеуша удри и по “Сека Алексиќ” (видео)

Политиката ги скара: Јелена Карлеуша удри и по “Сека Алексиќ” (видео)

реклама:G Natural

Јелена Карлеуша и Сека Алексиќ неодамна го обновија своето пријателство, а нивните фанови можеа да видат како двете меѓусебно си коментираат на објавите на социјалните мрежи.

Но очигледно обновеното пријателство кратко траеше.

Од многуте познати личности кои јавно се огласуваат по повод политичката состојба во Србија, особено внимание привлече Сека која отворено ги поддржа протестите “Србија против насилството”.

Ова веројатно не и се допадна на Јелена Карлеуша, која во изминатиов период е гласен поборник за политиките на актуелниот претседател Александар Вучиќ.

И кога Сека објави фотографија на која на шeга себеси се нарекува метеоролог, Карлеуша ја прозва со прилично бизарно видео на кое ја означи.

Во видеото, Карлеуша истрчува надвор со капак и тенџере во рака, повикувајки дожд пред четвртиот по ред протес на “Србија против насилството”. Во видеото пее песна од Сека, но набрзо истото го отстрани од социјалните мрежи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------