Home INFO Поради оваа дијагноза, славниот холивудски актер е принуден да ја заврши својата...

Поради оваа дијагноза, славниот холивудски актер е принуден да ја заврши својата кариера

фото: Инстаграм
реклама:4U PHARMA

Семејството на актерот Брус Вилис (67) на Инстаграм потврди дека му е дијагностицирана афазија која влијае на неговите когнитивни способности.

Како резултат на ова, Брус ја прекинува својата кариера која многу му значеше, се наведува во објавата која ја потпишаа неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, бившата сопруга Деми Мур како и нивните пет деца.

Афазијата најчесто се јавува после претрпен мозочен удар или повреда на главата, но може да се развие и постепено по некоја болест која предизвикува дегенеративни промени.

Терапијата подразбира помош од логопет, но и усовршување на невербални средства за комуникација.

Веста за болеста на Брус Вилис експресно се прошири на интернет, со оглед на тоа дека тој сеуште важи за еден од омилените холивудски актери.

Умри Машки, Шесто сетило, Петтиот елемент, се само дел од низата филмови каде актерот ги оствари своите најзначајни улоги.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------