Home INFO Поранешниот италијански премиер се ожени на 85 години! Еве која е 32...

Поранешниот италијански премиер се ожени на 85 години! Еве која е 32 годишната невеста! (видео)

реклама:hotel PREMIER

Контроверзниот Силвио Берлускони, поранешен премиер на Италија, на своја 85 годишна возраст со “симболична” венчавка стапил во брак со неговата избраничка Марта Фасцина.

Фасцина има 32 години, а врската со Берлускони ја започнала во 2020 година.

Дипломирала книжевност, и е членка на политичката партија на Силвио, Форца Италија. Нејзиниот профил на инстаграм го следат околу 17000 фанови, а најчесто споделува политички содржини.

Раскошната забава се одржала на историски имот во Лесмо, северно од Милано. Сепак поради спор околку наследството на Берлускони кое се проценува над 7 билиони долари, венчавката не е формална, па парот официјално и не се венчал.
Петте возрасни деца на бившиот премиер биле огорчени од идејата нивниот татко да се ожени со 53 години помладата партнерка, а со тоа да секне право на наследство на огромното богатство.

Берлускони беше вмешан во неколку секс скандали со проститутки, а сеуште му се суди за поткуп на сведоци во случајот со малолетничка проституција.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------