Home INFO Познати осминафиналните двојки на Евро 2024

Познати осминафиналните двојки на Евро 2024

реклама:G Natural

По одигрувањето на натпреварите од Е и Ф групата познати се сите осминафинални дуели.

Елиминациската рунда се отвора на 29 јуни со мечот меѓу Швајцарија и Италија, натпреварот во Берлин почнува во 18 часот, а за 21 е закажано соочувањето во Дортмунд меѓу домаќинот Германија и Данска.

Следниот ден Англија во Гелзенкирхен игра против Словачка, а потоа од 21 часот Шпанија се соочува со Грузија.

На први јули програмата ја отвораат Франција и Белгија, а потоа следува дуелот меѓу Португалија и Словенија.

Првиот круг од елиминациската рунда се затвора со мечевите Романија – Холандија и Австрија Турција.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------