Home INFO Проблеми во рајот? Принцот Хари и Меган Маркл во финансиска криза

Проблеми во рајот? Принцот Хари и Меган Маркл во финансиска криза

реклама:Лето во Банско

Откако се откажаа од благородничките титули, принцот Хари и неговата сопруга, бившата актерка Меган Маркл се преселија во Калифорнија каде уживаа во луксуз.

Но таблоидот Радар Онлајн, повикувајќи се на упатени извори, објави дека војводата и војвотката од Сасекс одлучиле да се разделат и отпатувале и на различни континенти откако го изгубиле договорот со Spotify.

Изворот открива дека Меган и Хари го продале својот замок во Монтесито затоа што „доживуваат огромни финансиски тешкотии и не можат да го финансираат својот луксузен начин на живот во Калифорнија, вклучувајќи живеење во замок од 14 милиони долари и огромни трошоци за обезбедување“.

„Овој стрес, во комбинација со нивните емоционални проблеми, веројатно им го направи животот пекол. Поминувањето време одвоено на различни континенти (Хари во Африка) се надевам дека ќе им помогне да го најдат она што им треба за да продолжат понатаму и да ја сочуваат врската доколку е можно“, додаде изворот.

Сепак Хари и Меган Маркл ги демантираат гласините дека решиле да се разделат поради финансиски тешкотии, пренесува Page Six, повикувајќи се на извор близок на парот.

„Тоа не е вистина, тоа е буквално голема лага“, објаснил близок пријател на славниот пар.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------