Home INFO Пролетно чистење на домот, ослободете се од вишокот предмети

Пролетно чистење на домот, ослободете се од вишокот предмети

реклама:4U PHARMA

Пролетта е вистинско време да внесете свежина во вашиот дом.

Многу често во домот имаме непотребни работи кои се трупаат во домот, па потребно е да се ослободиме од истите!

Шолји и чаши

Повеќето од нас имаат проблем со вишок на шолји и чаши. Овие предмети ги собираме, наследуваме, купуваме и понекогаш ги добиваме на подарок. Доколку имате впечаток дека кујната е пренатрупана, ослободете се од вишокот чаши и шолји , особено оние кои се напукнати или скршени.

Пенкала и моливи

Сигурни сме дека дома имате премногу пенкала и моливи кои никогаш не ги користиш, меѓу кои и оние кои повеќе не се функционални.

Ќеси и хартија за виткање подароци

Сите обожаваме да даваме подароци на најблиските, но, тоа не значи дека треба да го претвориме домот во фабрика за хартија за виткање. Неколку ќеси за подароци и малку хартија за виткање во домот се доволни.

Пешкири

Направете си услуга, ослободете се од старите пешкири и почнете да ги користите оние новите кои ги имате на залиха.

Различни чинии и кутии за складирање

Во повеќето домови има многу чинии како и садови за складирање храна на кои им недостасуваат капаците. Размислите колку од нив реално користите, па ослободете се од вишокот.

Книги

Луѓето кои уживаат во читањето книги, често имаат премногу книги. Доколку сте љубител на пишаниот збор и имате своја библиотека, проверете дали постојат книги кои со години не сте ги прочитале? Доколку одговорот е да, ослободете се од истите, донирајте ги или подарете ги некому и оставете простор за нови.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------