Home ♡ за деца Промовирана „Сезнајковци“ нова мултимедијална книга која децата ќе ја сакаат (видео)

Промовирана „Сезнајковци“ нова мултимедијална книга која децата ќе ја сакаат (видео)

реклама:Лето во Банско

Тв водителот и продуцент Ненад Ѓоргиевски во соработка со „Просветно дело“ ја промовираше мултимедијалната книга за деца „Сезнајковци“.

Со содржини од детската емисија „Мини Вести“ на која тој е продуцент и поддршка од графичкиот дизајнер Сузана Томовска оваа книга дефинитивно ќе ги заинтересира дечињата од предучилишна и рана училишна возраст.

Во неа се обработени 10 професии кои децата највеќе ги сакаат но и многу интересни информации и занимливости за нив. За секоја професија се изработени едукативни игри кои децата треба да ги решаваат а за да биде уште поинтересно секоја проферсија има и QR код кој преку негово скенирање го отвара линкот од прилогот во емисијата за професијата која што детето ја чита.

Во продолжение погледнете како помина промовијата и без размислување побарајте ја оваа книга во „Просветно дело“ за супер подарок за најмалите!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------